Connect with us

Фудбал

Иниеста: И во Примера потребна е видео технологијата

Капитенот на Барселона, Андрес Иниеста се изрази позитивно за воведување на видео технологијата (ВАР) во Шпанското фудбалско првенство.

Технологијата е најдобро решение во ситуации кога постојат сомнежи за тоа што всушност се случило. Нема повеќе различни толкувања, а оние кои сакаат да ја воведат потребната опрема треба да продолжат да ја анализираат ситуацијата и да донесат промени во фудбалот што е можно поскоро, заклучи Иниеста.

ВАР беше воведена во Италија и Германија, а неговата имплементација создаде контрадикторни мислења. Од следната сезона, технологијата ќе се применува во Шпанија.

Барселона на синоќешниот дуел со Валенсија беше оштетена, бидејќи на Лионел Меси при резултат 0:0 не му беше признаен чист гол, откако судиите не забележаа дека топката ја помина гол-линијата.