Connect with us

Фудбал

Инсиње неизвесен за дуелот со Фејенорд

Напаѓачот на Наполи, Лоренцо Инсиње е неизвесен за натпреварот со Фејенорд во Лигата на шампионите закажан за среда вечер.

Настапот на Италијанецот е под знак прашалник поради истегнување на бутниот мускул за време на дуелот против Јувентус (0:1) одигран во петокот.

Според тренерот Маурицио Сари, тој имал го овој проблем уште по враќањето од натпреварите со националниот тим на Италија.

На Наполи неопходна му е победа во Ротердам, за да ги задржи шансите за пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите.