Фудбал
Интер чекори кон титула, Конте се шегува: Немам титула во џеб, имам само 40 евра
Интер синоќа на домашен терен ја совлада Аталанта со 1:0 и сега е на плус шест од Милан и плус 10 од Јувентус. До крајот има уште 12 кола, секако уште многу да се игра, но медиумите во Италија веќе му ја препишуваат титулата на Интер. Конте, со шеговит одговор на прашањето дали веќе чувствува дека ја има титулата во џеб.
-Ако погледнам во џебот ќе пронајдам само 40 евра. Бев да ставам бензин пред натпреварот, се пошегува Конте по мечот со Аталанта.