Фудбал
Интер ги изненади навивачите со ново засилување: Пристигна 38-годишен голман
Интер ја воодушеви јавноста пред неколку дена кога потврди дека Хакан Чалханоглу е новиот играч на овој клуб.
Чалханоглу ги изненади сите одлучувајќи да не го продолжи договорот со Милан, и реши да потпише за градскиот ривал Интер. Турскиот играч за врска беше претставен на „Меаца“ пред неколку дена и сигурно ќе биде големо засилување.
Интер потврди уште едно пристигнување денес, но овој пат ги изненади навивачите со прилично чуден потег.
Имено, Интер денес го официјализираше доаѓањето на искусниот голман Алекс Кордаз, кој потпиша едногодишен договор со италијанскиот шампион, а пристигна од Кротоне.
38-годишниот голман помина дури шест години во Кротоне и на крајот од кариерата пристигна понуда од Интер, која тој едноставно не можеше да ја одбие, иако е свесен дека ќе има улога на резервен голман.
? | ANNOUNCEMENT
? Alex #Cordaz joins Inter! ⚫?
✍️? https://t.co/XoUEfgln0D#WelcomeAlex #IMInter pic.twitter.com/3qkJLvVVi8
— Inter ??? (@Inter_en) June 25, 2021
Интересно, Кордаз беше претходно член на интер Интер, но никогаш не доби вистинска шанса во овој клуб. Најчесто играше на позајмица и го напушти клубот летото 2005 година кога потпиша за нисколигашот Асиреле.
Кордаз дури помина една сезона во Словенија каде бранеше за Горица, по што потпиша за Парма.
Летото 2015 година тој пристигна во Кротоне, кој е клубот во кој остана најмногу во кариерата.
Кордаз беше стандарден голман на Кротоне, а минатата сезона во дресот на овој клуб забележа 36 настапи во Серија А.