Connect with us

Фудбал

Интер го извади Икарди од составот за дуелот со Рапид

Сериозни темни облаци лебдад над Мауро Икарди. Откако стана јасно дека Аргентинецот нема веќе да ја носи капитенската лента на Интер, напаѓачот беше изваден и од составот на „нероазурите“ за претстојниот натпревар со Рапид Виена од шеснаесетфиналето на Лига Европа.

Икарди нема да патува со тимот за Австрија, откако се уште не е јасно како се дошло до одлуката капитенската лента да биде симната од раката на голгетерот.

Одлуката на клубот доаѓа непосредно по последната изјава на сопругата на Икарди и негов агент Ванда Нара, која изјави во емисијата „Тики Така“ дека Интер не го заштитува доволно аргентинскиот напаѓач.