Connect with us

Фудбал

Интер го суспендира Наинголан

Италијанскиот фудбалски прволигаш Интер го казни својот играч Раџа Наинголан поради неоправдано
пропуштен тренинг.

Белгискиот фудбалер не дошол на утринскиот тренинг поради успивање.

-Фудбалски клуб Интер објави дека Раџа Наингголан е суспендиран од фудбалска активност заради кршење на дисциплината, соопштил извор близок до клубот.

Така, 30-годишниот играч нема да игра на следниот домашен натпревар со Наполи закажан за в среда на 26 декември.

Наинголан се пресели ова лето во Интер од Рома за 38 милиони евра плус Николо Заниоло во пакет. Оваа сезона, тој одигра 15 натпревари и постигна три гола.

МИА