Connect with us

Фудбал

Интер и Барселона се договориле, треба само Депај да каже ДА и ќе има размена!?

Италијанските медиуми утрово пренесуваат дека Интер и Барселона се договориле да разменат играчи во јануарскиот преоден рок. Како што пишуваат на Апенините, Интер ќе го испрати во Барса својот напаѓат Кореа, кој е трет напаѓач во Милано, а во спротивна насока би дошол Мемфис Депај кој исто така кај Чави е во втор план.

Интер и Барса дале зелено светло, Кореа исто така, а се чека Депај да каже ДА и да се реализира зделката. Секако медиумите во Италија ова го пошуваат со доза оптимизам, биденќи Депај не добива минутажа во Барса, а таков беше случајот и на мечот со Реал Мадрид синоќа во Суперкупот каде Хочанѓанецот не доби ниту една минута. Мамка за него може да биде и тоа што Интер игра во ЛШ, а Барселона е во ЛЕ.