Фудбал
Интер изгуби дома од Сасуоло и ги загуби шансите за пласман во Лигата на шампионите
Интер вечерва загуби на домашен терен од Сасуоло и дефинитивно се оддалечи од место кое води во Лигата на шампионите, а во исто време тренерот на Интер, Спалети се оддалечи од престојот во Милано за следната сезона.
Интер имаше лесен начин за влезе во Лигата на шампионите. Интер требаше да победи вечерва против Сасуоло и да освои барем еден бод против Лацио во последното коло.
Сепак, избраниците на Спалети паднаа на првата пречка. Сасуоло славеше на “Џузепе Меаца” со резултат 2:1 и му дадоа можност на Лацио утре со победа против Кротоне дефинитивно да обезбедат пласман во Лигата на шампионите.