Connect with us

Фудбал

Интер ќе игра на празен стадион

Поради расистичките скандирања на фановите на Интер, калчо гигантот доби казна да игра пред празни трибини во следните два домашни натпревари – против Сасуоло и Болоња. „Курва Норд“, каде се лоцирани најрадикалните фанови на Интер ќе остане затворена на уште еден дополнителен натпревар.

Ова е одлука на Дисциплинската комисија на Италијанската фудбалска федерација во врска со она што се случи во текот на дербито против Наполи. Навивачите на домашниот тим го навредуваа Калиду Кулибали на расна основа, а гостите побараа веднаш да биде прекинат натпреварот.