Фудбал
„Интер кој го гледаме е тим кој расне и има огромен потенцијал – Мислам дека Лаутаро е одличен напаѓач“
Поранешниот претседател на Интер, Масимо Морати зборуваше за медиумите по повод претстојниот дуел. Тој нагласи дека, иако „нераѕурите“ се фаворит, дербито е секогаш неизвесно.
„Интер кој го гледаме е тим кој расне и има огромен потенцијал. Знаејќи дека Конте е лидер, јасно е како играчите ќе напредуваат со него. Јас мислам дека тие константно растат. В недела нема да биде лесно, Интер е фаворит, но невозможно е да се предвиди дербито. Мислам дека Лаутаро е одличен напаѓач. Голема штета е што нема да биде во составот, секогаш е интересно да го гледаш во вакви дуели“, изјави Масимо Морати.