Фудбал
Интер му нуди нов договор на Конте со кој ќе го направи без конкуренција според платата
Тренерот на Интер во моментов е најплатениот во италијанската Серие А. Сепак, раководството на „Нероаѕурите“ планира да му понуди нов договор на Антонио Конте, со оглед на тоа дека сезонава најверојатно по пауза од 10 години ќе ја освои шампионската титула.
Конте во моментов има годишна плата од 12 милиони евра, а Интер планира да му даде со новиот договор 13,5 годишно и да го „врзе“ до 2022 година.
Пред неколку месеци, кога Интер испадна од Лигата на шампионите се шпекулираше дека Конте ќе добие отказ, но по состанокот кој го имаа со кинеските сопственици, сепак е одлучено тој да ја добие довербата. Останува да се види дали Конте ќе го прифати новиот договор.