Фудбал
Интер му понуди богат договор на Икарди, Аргентинецот сака уште повеќе пари
“Или ќе добие нов договор или заминуваме од Интер”, се закани Ванда Нара, Жената воедно и претставникот на Икарди.
Се чини дека сега постои реална шанса Икарди дека ќе бара нова дестинација, но Интер не ги прифаќа неговите финансиски услови.
Интер, наводно на Икарди му понуди нов договор според кој Аргентинецот ќе заработува речиси осум милиони евра годишно, но и тоа не е доволно да го натера да остане на Сан Сиро.
Според „Gazzette dello Sport“, Интер предлага нов договор со зголемена клаузула за откуп (150 милиони евра), но исто така и повисоки приходи. наводно, Интер на Икарди му понуди “основна” плата од 6,3 милиони евра годишно, што со различни бонуси ќе изнесува меѓу 7,5 и 8 милиони евра.
Сепак, Икарди и неговите агенти бараат девет милиони евра годишно, и доколку Интер ги исполни таквите барања, Аргентинецот ќе стане најплатениот играч во Серија А.