Connect with us

Фудбал

Интер пронајде замена за Лукаку и тоа кај Жозе Мурињо

Се погласни се информациите од Италија дека замената за Лукаку, које продаден на Челзи за 115 милиони евра, е Един Џеко. Познатиот спортски новинар, Фабрицио Романо тврди дека Интер и фудбалерот на Рома ги договориле сите детали. Наводно Џеко ќе добие двегодишен договор за кој ќе биде платен 5,5 милиони евра по сезона.

Џеко и минатата сезона се поврзуваше со Интер, но сепак на крајот остана во Рома, чиј нов тренер е Жозе Мурињо. Наводно самиот стратег рекол дека Џеко слободно може да замине бидејќи нема да смета сериозно на неговите услуги во новата сезона.