Connect with us

Фудбал

Интер се врати од мртвите, шест голови, црвен картон, спектакл во Лисабон (ВИДЕО)

Каков меч на стадионот „Луж“ во Лисабон. Бенфика-Интер на крајот 3:3, а според првото полувреме никој не очекуваше ваков развој на настаните. По првите 45 минути Интер губеше со големи 3:0 и тоа со трите голови на Жоао Марио кој е поранешен играч на Интер. Тоа беа фантастични 45 минути за Бенфика, но и за Жоао Марио против својот поранешен тим.

Сепак, во вториот дел сосема поинаква слика. Интер се подобри, па преку Арнаутовиќ во 51-та намали на 3:1. Седум минути подоцна нов гол во мрежата на Бенфика, Фратези постигна убав гол. Во 68-та минута Инзаги прави неколку измени, а меѓу оние кои влегуваат во игра е Турам. Токму тој во 71-та минута изнуди пенал, а минута подоцна Санчез го претвори пеналот во гол. До крајот на мечот Интер многу подобар, влегоа во игра Лаутаро, Квадрадо, Ди Марко, Барела, па нивната игра беше далеку подобра од првиот дел. Во 86-та минута по прегледувањето на ВАР снимката судијата покажува директен црвен картон за стартот на Антонио Силва врз Барела. До крајот Португалците со играч помалку, а Интер притисна, па токму Барела во 95-та минута имаше фантастична шанса, но стативата беше сојузник на голманот на Бенфика, Трубин. По ова пето коло состојбата во Група Д е Реал Сосиедад прв со 11 бодови, откако ремизираше со Салцбург, Интер има исто толку, Салцбург има 4 бодови, а Бенфика само 1.

Standings provided by Sofascore