Connect with us

Фудбал

Интересен изглед на новиот дрес на Јувентус (ВИДЕО)

Торинскиот Јувентус денеска го претстави третиот сет на дресови за новата сезона.

Резервниот дрес на старата дама од Торино привлекува големо внимание. Адидас подготви интересен дизајн во кој преовладува жолтата боја.

До него, дел од дресот е окупиран од сино -бело, и овој дрес сигурно ќе привлече внимание.

Овој дрес првпат првиот тим на Јувентус го облече на денешниот пријателски дуел против тимот до 23 години.

Торинскиот клуб има големи амбиции пред почетокот на новата сезона. Желбата е титулата да се врати во клубот, а овој тим секако е најголемиот фаворит за освојување на Скудетото.

„Бјанконерите“ ја отвораат новата сезона во недела со меч на гости против Удинезе.