Connect with us

Фудбал

Интервјуто е причина за се, суперагентот бил против, затоа добил отказ, Мендеш не му го „средил“ трансферот на Роналдо во Саудиска Арабија

Кристијано Роналдо се пресели во Ал Наср и ќе игра во Саудиска Арабија со бројни фудбалски ѕвезди кои се пред крајот на кариерата, но од Англија стигнуваат вести дека Жорге Мендеш не го договорил неговиот трансфер во Азија!

Како што пренесува „Дејли мејл“, португалскиот супер агент поради интервјуто се скарал со својот најпознат клиент, поради што од Роналдо добил отказ!

Кристијано се појави јавно пред англискиот новинар Пирс Морган и го нападна тренерот Ерик тен Хаг, како и раководството на клубот, а по интервјуто грижата за неговата кариера ја преземал  Рики Регуфе.

Португалскиот „Публико“ објавува дека Мендеш се обидел да го убеди Роналдо да не разговара со Пирс Морган, а кога го направил тоа проценил дека повеќе нема шанси Кристијано да биде продаден на врвен клуб во Европа. По конфликтот, Мендеш по две децении престана да се грижи за кариерата на 37-годишниот напаѓач, а сите должности ги презеде асистентот  на Роналдо, Рики Регуфе.

„Публико“ пренесува и дека однесувањето на Роналдо на Светското првенство било „постојан извор на иритација“ за репрезентацијата на Португалија, но дека Фудбалската асоцијација „молчела речиси за се“.