Connect with us

Фудбал

Инцидент по дербито на Манчестер

По дербито на „Олд Трафорд“ во кое Манчестер Сити вчеравечер го победи (2:1) Манчестер Јувентус дошло до инцидент во соблекувалните во кој учествувал Жозе Мурињо.

„Скај Спорт“ пренесува дека „граѓаните“ прегласно во својата соблекувална ја прославувале победата, се слушнала и музика, по што Мурињо се обидел да ги смири страстите барајќи да се испочитува неговата екипа.

При тоа настанала жестока вербална расправија меѓу тренерот на Јунајтед и голамнот на Сити Едерсон по што се вмешале и други играчи.

Во инцидентот Мурињо бил испрскан со вода и млеко, додека помошник-тренерот на Сити, Микел Артета добил посекотина на лицето.

Се очекува за случувањата извештај да поднесе делегатот или другите службени лица, а потоа и реакција од федерацијата (ФА).