Connect with us

Фудбал

Инцидент во Тетово, фудбалер на Шкендија шутираше противнички играч додека лежеше на теренот (ВИДЕО)

Шкендија и Академија Пандев одиграа нерешено во Тетово. Дориев уште во деветата минута донесе водство на Шкендија, но Ѓорѓиевски во 69. минута израмни на 1-1, што беше и конечен резултат. Сепак, црна дамка на овој меч остави крајно неспортското однесување на играчот на Шкендија, Сабит Биљали кој во судиското продолжение, односно во самиот финиш влезе во расправија со противнички фудбалер, а едниот го удри со бокс, а потоа дури и го шутираше со нога додека лежеше на теренот. За ова доби црвен картон, но сигурно го очекува и голема казна и суспензија.
Погледнете ја целата ситуација на видеото објавено од Инфоспорт.

Резултати, ПМФЛ

Сабота:

Скопје – Силекс 0:0

Недела:

Шкендија – Академија Пандев 1:1

Работнички – Струга Трим Љум 1:1

Брегалница – Тиквеш 2:1

Победа – Македонија ЃП 1:3

Шкупи – слободен во ова коло