Connect with us

Фудбал

Инзаги: Интер секогаш игра добар фудбал

Нероаѕурите се во сериозен налет. Во последното коло го зазедоа првото место во Серија А, а по најновата победа обезбедија место на кормилото најмалку уште една недела.

По најновата победа против Салернитана, убедливо 5:0, Интер делува речиси незапирливо. Тој е во серија од шест победи, со дури 19 постигнати голови, а во последните пет нема примено гол. Нормално задоволен е и тренерот Симоне Инзаги.

„Овие натпревари се лесни на хартија, но тоа не е случај во реалноста. Момците имаа правилен став од самиот почеток. И кога ги направив промените, тоа не се почувствува, бидејќи сите беа на исто ниво. Го имаме деветиот натпревар во 25 дена и тоа е последниот напор пред паузата и мораме да покажеме заби“ изјави Инзаги .

Нагласена е одличната игра на Интер во последно време, но Инзаги истакнува дека „нероаѕурите“ постојано играат така.

„Впечаток е дека Интер секогаш игра добар фудбал. Загубивме малку бодови поради обврски во Лигата на шампионите. Но, ние ја задржавме главата горе и сега сме на врвот на табелата. Овие момци не застануваат, но ни треба пауза за да ги наполниме батериите“

Интер има четири бода повеќе од градскиот ривал Милан, а шест во однос на Аталанта и седум од Наполи, но со натпревар повеќе.