Фудбал
Инзаги нема да смета на двајца играчи од средниот ред и еден напаѓач за натпреварот во Фиренца
Интер ќе игра во Фиренца во вторник навечер, а тренерот Симоне Инзаги не може да смета на тројца играчи.
Имено, Хоакин Кореа, Артуро Видал и Стефано Сенси се повредија, па тројцата ќе бидат недостапни за натпреварот со Фиорентина, кој ќе се игра на „Артемио Франки“ од 20:45 часот.
Кореа се повреди против Болоња минатата недела, но се очекува да се врати на терените во текот на викендот кога Интер ќе ја пречека Аталанта.
Видал треба да паузира до почетокот на октомври, а враќањето на Сенси се очекува дури во ноември.
Инзаги го поведе 19-годишниот играч од средниот ред, Мати Сангали на гостувањето кај Фиренца, кој беше префрлен од јуниорите.
Што се однесува до напаѓачите, се очекува повторно шанса да добијат Лаутаро Мартинез и Един Џеко, а тука се и Алексис Санчез и младиот Сатријано.