Фудбал
Иран во 98-ма и 101 минута го „потопи“ Велс (ВИДЕО)
Селекцијата на Иран го совлада Велс со 2:0 со голови постигнати во судиското продолжение од мечот, кое и денеска, како и на претходните мечеви беше предолго. Иранците головите ги постигнаа во 98-ма минута преку Чешми и Резаијан во 101 минута. Претходно Велс остана без голманот откако Хенеси заработи црвен картон поради круб „карате“ старт врз противнички играч во 86-та минута. Поради тоа Ремзи мораше да ја напушти играта, а на негово место да влезе Вард, резервниот голман на Велс.
Мора да се каже дека Иран беше подобар на денешниот меч и пред судиското продолжение. Неколку пати ја погоди стативата, беа поконкретни и поопасни.
Од истата група, својот меч од 2.коло Англија и САД ќе го одиграат вечерва со почеток во 20 часот. Во моментов состојбата на табелата е следна, Англија и Иран по три бода, САД и Велс по еден.
ANOTHER ONE! WHAT A VICTORY FOR IRAN!pic.twitter.com/WwSlsa2RSm
— Fast GøaIs (@i6astv) November 25, 2022
Iran scores at the extra time 🔥🔥🔥😮😮😮⚽⚽⚽#FIFAWorldCup #WALIRNpic.twitter.com/lhzDxP313R
— MD Sports (@MDSports18) November 25, 2022