Connect with us

Фудбал

Иранците со емоции ја пееја химната, се беше во знакот на девојката која почина откако ја претепа полицијата, реагираше и обезбедувањето (ФОТО)

Навивачка на Иран држи дрес со името на Махса Амини. 22-годишната девојка почина неколку дена откако беше уапсена и наводно претепана од иранската полиција во септември, бидејќи наводно не се придржувала до националниот код за облекување на жените.

Во Иран има протести подолг период. Илјадници граѓани излегуваат на улица против власта и тамошниот како што велат режим, по смртта на Махса Амини.

Обезбедувањето на стадионот во Катар се обиде да интервенира. Бараа да се тргнат сите транспаренти кои имаат политички пораки.