Фудбал
Иско најде клуб за заживување на кариерата, ќе игра и во Лигата на шампионите!
Изгледа дека кариерата на Иско Аларкон може да заживее следната сезона.
Според „Газета дело Спорт“, Иско кариерата ќе ја продолжи во Милано, каде ќе го замени Хакан Чалханоглу, кој замина во Интер.
Милан има намера да го искористи одличниот однос со Реал Мадрид. Претходно беше договорено продолжување на позајмицата на Брахим Дијаз, а следна цел е Иско.
Договорот на 29-годишниот фудбалер со „кралевите“ истекува за една година и Реал мора да го продаде доколку сака да оствари профит. Во таборот на „росонерите“, тие исто така се потпираат на Карло Анчелоти, фудбалската и тренерска легенда на миланскиот клуб.
Шпанскиот играч за врска целосно потфрли во последните две сезони, Зидан бараше да си замине, но на крајот сепак остана, па летово се чини дека заминува.
Милан е идеално место за Иско да ја оживее својата кариера затоа што би играл важна улога во тим желен за победа, а исто така би имал загарантирани настапи во Лигата на шампионите.