Connect with us

Фудбал

Иско се обиде да ги понижи Реал и Анчелоти, а на крајот се понижи само себеси

Фудбалерот на Реал Мадрид, Иско (29) повеќе не е во плановите на тренерот Карло Анчелоти и во јануари би можел да го напушти клубот.

Иско не бил задоволен од својот статус во тимот, па решил да го бојкотира клубот и тренерот Анчелоти.

Иско на натпреварот против Гранада доби наредба од Анчелоти да оди на загревање. Сепак, тој одби и си ги затвори вратите на тимот за себе.

Иско на овој начин се обиде да го понижи клубот и тренерот Анчелоти, но на крајот само се понижи.

По овој потег Анчелоти го пречкрта. Тој седеше на клупата, а италијанскиот стручњак не го ни гледаше на овие натпревари и неговата епизода во клубот најверојатно е завршена.

Иско оваа сезона настапи на седум натпревари и постигна еден гол, а член на Кралевите е од 2013 година.

За овие осум години одигра 343 натпревари и постигна 52 гола, но неговиот престој во клубот очигледно е завршен.