Connect with us

Ракомет

Исланд без Сигурдсон на СП

Репрезентацијата на Исланд, која е еден од противниците на Македонија на Светското првенство во Германија и Данска ќе го одигра турнирот без својот најдобар ракометар и стрелец, ветеранот Гудјон Валур Сигурдсон.

Сигурдсон се повреди во подготвителниот период, а на тренинзите таа повреда уште повеќе се влоши, па селекторот Гудмунсон го повика Бјарки Елијасон на негово место. Но, освен Сигурдсон во тимот го нема и Рунар Карасон, првиот десен бек на селекцијата, па на негово место е Теитур Ернарсон

Сигурдсон има дадено преку 1.800 голови за Исланд и е најефикасниот ракометар на оваа земја и јасно е колкава е загубата за еден од противниците во групата на „црвено – жолтите“ на ова СП.

СОСТАВ: Аугуст Бјоргвинсон, Бјоргвин Густавсон (голмани), Бјарки Елисон, Стефан Сигурмансон (леви крила), Арнор Гунарсон, Сигвалди Гудјонсон (десни крила), Арон Палмарсон, Олафур Гудмунсон (леви бекови), Омар Магнусон, Теитур Еинарсон (десни бекови), Елвар Јонсон, Гисли Кристијансон, Хаукур Прастарсон (средни бекови), Арнар Арнарсон, Имир Гисласон (пикери), Даниел Ингасон, Олаф Густафсон (одбрана).

Македонија дуелот со Исланд ќе го одигра на 17 јануари во последната рунда од групната прва фаза на Мундијалот.