Фудбал
Историчар тврди: Лионел Меси има албанско потекло (ВИДЕО)
Историчарот Наим Фламури вели дека не може да се негира фактот дека фудбалерот Лионел Меси има албанско потекло.
Во емисијата „Добро утро Албанци“ на Еуроњуз Албанија, Фламури подвлече дека треба да се направи истражување на овој план.
„Имаме документи, треба да има вистинска студија, документите се таму, многу се читливи. Направени се студии за емиграција, нема соодветно за едно или друго семејство, на пример да се влезе само во потеклото на семејството на Меси.
Ако го имаме ова знаење, можеме многу лесно може да се утврди, документите се таму, сите се напишани“, нагласи тој.
Според историчарот, предокот на таткото на Лионел Меси, Аџело Меси емигрирал во 1883 година од арбершката (н.з Арбреши-итало-албанци) населба Порто Реканати (Италија) во Аргентина.
Како што тврди историчарот, Анџело Меси потекнува од страната на неговиот татко од семејството Мекси, по потекло од Ѓирокастро (Албанија), кое емигрирало во Италија.