Фудбал
Историја – „Единицата“ по 12 години заминува од Манчестер Јунајтед?!
Давид Де Хеа е се поблиску до опцијата следното лето да го напушти „Олд Трафорд“ како слободен играч.
Договорот на Шпанецот истекува во јуни следната година, постои можност за автоматско продолжување на уште една година, но Манчестер Јунајтед не е подготвен да ја активира таа опција.
Де Хеа е во Јунајтед од јули 2011 година, кога дојде од Атлетико Мадрид за 25 милиони евра.
Се споменува дека голманот на Порто, Диого Коста е приоритет на Јунајтед околу новата „единица“. Засега нема информации за интерес за 32-годишниот Де Хеа.