Connect with us

Кошарка

Историска ноќ за Леброн Џејмс

Синоќа се одиграа пет натпревари во НБА лигата.

Во првиот натпревар од вечерта Далас Маверикс гостуваа кај Јута, но беа поразени со 112:107, и иако водеа во поголемиот дел од мечот, имаа и двоцифрена предност, но домашните беа поуспешни.

Мичел со 25, Богдановиќ со 23 и Гоберт со 22 поени и 17 скокови ги предводеа „џезерите“ до победата, додека Лука Дончиќ постигна 25 поени со шест скока и седум асистенции од другата страна.

Во Детроит се играше продолжение откако Пистонс и Бруклин Нетс одиграа 106:106, со дополнителни пет минути што може да му се припишат на Нетс, кои дојдоа до нова победа од 121:111. Кири Ирвинг беше првата sвезда на натпреварот со 45 поени, додека Дерик Роуз одигра уште еден добар натпревар за Пистонс, освојувајќи 27 поени. Драмонд додаде 20 со 21 скок.

Лос Анџелес Лејкерс беа поразени во Филаделфија со 108-91, но оваа вечер ќе ја памети Леброн Џејмс, кој постигна 29 поени и го помина Коби Брајант на вечната листа на стрелци во НБА. Џејмс постигна 33655 поени во својата кариера, а пред него се Карл Малоне со 36928 и Карем Абдул-Џабар со 38387 поени.

Ниту 29 поени на ЛБЈ, ниту 31 на Дејвис не му помогнаа на Лејкерс во овој дуел.

Играа и Кливленд – Чикаго 106: 118 и Минесота – Оклахома 104: 113.