Connect with us

Кошарка

Истрча на паркетот за време на натпревар во НБА, танцуваше, а потоа пред обезбедувањето брзо реагираше (ВИДЕО)

Хјустон Рокетс загуби синоќа на домашен терен од Сакраменто Кингс со 122-117.

Сепак, вниманието на овој меч го привлече еден навивач кој во еден момент се појави на подот речиси целосно гол и почна да танцува во центарот на теренот.

Неговиот весел танц не траеше долго. Набрзо се појавија момците од обезбедувањето на салата кои со жестока интервенција го фрлија на подот.

Немаа милост. Приви обезедувањето, а потоа се појавила полицијата која со помош на обезбедувањето го извела егзибиционистот од салата.

Публиката со неверување гледаше што се случува на паркетот. Имаше овации, но најголемата воздишка се слушна откако несреќниот човек беше фрлен на подот.

Во НБА лигата истрчувањето на паркетот се многу поретки случаи, отколку во другите спортови каде егзибиционистите одамна станаа секојдневие.