Connect with us

Фудбал

Италија е европски првак!

Селекцијата на Италија е европски првак. Каква само вечер имаа Италијанците на „Вембли“. Прво губеа по две минути игра, израмнија, па мечот имаше два пати по 15 минути продолженија, па пенали. А, таму херој Донарума. Одбрани два удари и донесе пехар на ЕУРО 2020 на Италија.

Претходно Лук Шо донесе водство во втората минута,  Бонучи израмни во 67-та, а потоа во продолженијата имаше претпазлива игра на двете страни, а во пеналите подобри „Аѕурите“.

За Италија погодија Берарди, Бонучи и Бернандески, а не реализираа Белоти и Жоргињо. Кај Англија погодија Кејн и Мегваер, а не реализираа Рашворд, Санчо и Сака. Два од овие три шута голманот на Италија, Донарума успеа да одбрани.

На Англија не помогна ниту преполниот Вембли, ниту тоа што на навивачите на Италија не им беше дозволено да дојдат во Лондон, освен на тие што останаа по полуфиналето, не помогнаа ниту големите свирежи од трибините при изведувањето на пеналите. Фудбалерите на Италија покажаа карактер, голема психолошка спремност, а со оглед на тоа што го покажаа во текот на ова ЕУРО 2020 заслужено се европски прваци, втор пат во историјата по 1968-ма година.