Connect with us

Фудбал

Италија следниот месец во Скопје доаѓа со нов селектор, Манчини поднесе оставка!

Роберто Манчини не е повеќе селектор на Италија. Тој вчера, на изненадување на италијанската јавност поднесе оставка. Според тамошните медиуми, Манчини имаше договор до 2024-та година, но сега оставката стапува во сила веднаш, а името на новиот селектор ќе биде наскоро познато.

Манчини како селектор на Италија загуби во полуфиналниот меч во баражот за пласман на СП токму од Македонија со 0:1, што е еден од неговите најголеми киксови како селекторот. Тој не успеа да ја однесе селекцијата на Мундијалот во Катар, што секако му замерува Италијанската јавност.

Македонија ја пречекува Италија на 9-ти септември во Скопје во рамките од квалификациите за пласман на ЕП.