Connect with us

Фудбал

Италија заработи 34 милиони евра, ќе се наполи и „касата“ на Фудбалската федерација на Македонија

Со освојувањето на пехарот на ЕУРО 2020, Италија заработи 34 милииони евра од вкупниот награден фонд на овој континентален собир, кој изнесуваше 371 милиони евра, најголем во историјата. На Англичаните како на финалисти ќе им припаднат 30,25 милиони евра. Се разбира, секоја селекција подолу, односно која е полошо рангирана, ќе добие помалку. Овие пари секако ќе легнат на сметката на националните фудбалски сојузи.

Па, така, од првото историско учество на Европско првенство, ќе се наполни и „касата“ на Фудбалската федерација на Македонија. Имено, УЕФА обезбеди по 9,5 милиони евра за секоја репрезентација само за пласманот во групната фаза. Со оглед на тоа дека немавме ниту еден осовен бод, останавме и без некое евро плус.

Сепак, барем за фудбалерите, стручниот штаб и македонските фанови, парите не беа во преден план.