Фудбал
Италијанец ќе го води финалето во Лигата на шампионите
Лисабон, 20 август 2020 (МИА) – УЕФА го објави судискиот тим кој ќе го води финалето од Лигата на шампионите Пари Сен Жермен – Баерн. Италијанецот Даниеле Орсато е назначен за главен судија.
Негови асистенти ќе бидат Лоренцо Манганели и Алесандро Џалатини.
Пари Сен Жермен и Баерн Минхен ќе играат во недела (23 август) на „Естадио Да Луж“ во Лисабон во 21 часот по македонско време.
Во полуфиналето ПСЖ го совлада РБ Лајпциг со 3:0, а Баерн го совлада Лион со истиот резултат.
Реал Мадрид има најмногу победи на турнирот (13). Баерн има пет победи и ќе го игра своето 11-то финале, додека парижаните за прв пат се квалификуваа за финалниот натпревар.