Фудбал
Италијанската фудбалска федерација подготви нов договор за Манчини
Роберто Манчини работи одлично како селектор на Италија и ќе биде награден за тоа.
Манчини ги воодушеви сите во Италија со работата што ја работи, а селекторот очигледно ќе остане на тренерската позиција на Италија уште неколку години.
„Ла Република“ објави дека Фудбалскиот сојуз на Италија (ФИГЦ) подготви нов договор за Манчини, така што тој ќе остане и по Светското првенство во Катар во 2022 година.
Утре Италија продолжува да игра во Сараево против Босна и Херцеговина во Лигата на нации, а со победата „аѕурите“ ќе го обезбедат првото место, а претходно беа беспрекорни во квалификациите за Европското првенство.