Фудбал
Италијански медиуми без милост: Роналдо е најголемиот проблем во играта на Јувентус
На Јувентус не му оди добро оваа сезона. Последната „шлаканица“ за Старата дама беше за викендот кога беа поразени во дербито од Интер со резултат 2:0.
Дури и на претходните натпревари беше очигледно дека многу работи во играта на Старата дама не функционираа како што треба. Некои се на мислење дека на Андреа Пирло потребно му е време да се навикне на тренерската позиција, сепак, водечките италијански медиуми немаат милост за торинскиот клуб.
Еминентниот „Кориере дело Спорт“, објави анализи за игрите на Јувентус, во кои се наведува дека Кристијано Роналдо е еден од главните проблеми во играта на Јувентус.
„Јувентус е посветен на Роналдо и неговите рекорди, што ги забавува другите идеи во играта“, е само една од анализите на италијанските медиуми, во кои се наведува дека Пирло исто така се вклопува во целата приказна и дека Јувентус се повеќе станува клуб чии игри зависат од еден играч.
По 17 одиграни натпревари, Јувентус е на петтото место во Серија А со 33 бода, десет помалку од лидерот Милан. Старата дама има и натпревар помалку од лидерот.