Connect with us

Други спортови

Ивановски скокна 30 места на АТП листата – го има најдобриот ранг!

Ивановски со скок од 30 позиции се најде на 306. место на најновата АТП ранг листа. Најдобриот македонски тенисер на ранг листата на АТП, Калин Ивановски оваа недела ја почнува од 306.то место што е негов најдобар ранг во кариерата.

Од другите наши тенисери, Србљак е на 1.130. место, тој има пад од две позиции. Обрад Марковски е на 1.220. место со напредок од пет позиции.

На врвот на АТП листата е Карлос Алкараз, следува Новак Ѓоковиќ, а во топ 10 се уште и Данил Медведев, Стефанос Циципас, Холгер Руне, Каспер Руд, Андреј Рубљов, Јаник Синер, Тејлор Фриц и Франсес Тиафо.