Connect with us

Фудбал

Избегал од војните во Југославија, сега со Австралија стигна до прва победа на СП, објави емотивна порака (ФОТО)

Милош Дегенек, фудбалер на Австралија, објави емотивна порака со фотографии на социјалните мрежи откако со оваа селекција стигна до првата победа на СП во Катар славејќи со 1:0 над Тунис.

Дегенек е роден во Книн, Хрватска, но поради војните во Југославија, пред 2000-та година со целото семејство мигрирале во Австралија.

Во својата кариера во Европа играл за Штутгарт и Црвена Звезда, Минхен 1860, а како што вели овој пост не е политички пост, туку против секоја војна.