Connect with us

Други спортови

Изгледаат брутално, а кога ќе нокаутираат некого ги бара и претседателот

Киргистанската УФЦ борачка, Антонина Шевченко (33) ја победи Џи Јон Ким на своето деби кое се одржа во Лас Вегас. Инаку, таа важи за најдобра кога во прашање е кик – боксот, каде има 39 победи и еден пораз, а воедно беше и шампионка во најсилната светска маи – таи федерација.

Седум дена подоцна и 3000 километри подалеку од неа, во октагонот влезе и нејзината помлада сестра Валентина, која ја освои УФЦ титулата во мува категорија со победата над Жоана Џедрејжџин. За неа ова беше 16 УФЦ победа, а има и три порази, од кои два од актуелната шампионка во бантам категоријата – Аманда Њунес. Инаку, Валентина во кик – боксот има импресивни 58 победи во 61 меч.

Двете Киргистанки пристигнаа во УФЦ, откако во маи – таи беа шампионки, а се борат под знамето на Перу.

  • Пресреќна сум што освоив појас во оваа борба, а не против некој кој не е на мое ниво. Жоана е одлична, ова не ни е прв дуел, па затоа знам што се умее да направи. Исто така, таа знае што можам и јас. Им покажавме на фановите што е добра борба. Најважно е тоа што ја завршив годинава со појас на половина. Сега ќе се обидам да ја одбранам титулата, а за противникот воопшто не ми е важно, нека биде кој сака. Појасот го држев десет години ќе го држам и овој, истакна Валентина.

Но, по борбата добила неочекуван повик од страна на претседателот на Киргистан, Алмазбек Атамбаев.

  • По борбата добив повик од претседателот на Киргистан, кој ми честиташе за успехот. Претходно ме побараа да се вратам во репрезентацијата на Киргистан и да ги бранам боите на мојата држава, но ги одбив. Со неговиот нов повик бев шокирана, не знаев што да му одговорам, изјави Валентина и додаде.
  • Кога се бореше Антонина, работев со неа за да и помогнам да дојде до победата, но тоа беше навистина тешко бидејќи не можев целосно да и се посветам.