Connect with us

Фудбал

Изјавата на Меси пред натпреварот со Хрватска ја изненади аргентинската јавност

Најдобриот фудбалер на Аргентина, Линонел Меси одигра навистина слабо во натпреварот против Исланд на Светското првенство и уште еднаш потврди дека не му годи притисокот кои на грб му го ставија аргентинските медиуми.

Меси против Исланд помеѓу другото не реализираше пенал, а пред вториот натпревар на СП, против Хрватска имаше навистина чудна изјава.

„Против Исланд изгледавме добро во дефанзива“, кратко прокоментира Меси за новинарите пред натпреварот со Хрватска.

Аргентинските медиуми оваа изјава посебно ја анализираа, затоа што тие мислат дека нивната репрезентација одигра лошо баш во дефанзива и дека многу опуштено ги сфати напаѓачите на Исланд

Аргентина би била во навистина тешка ситуација доколку изгуби од Хрватска во четврток, а тоа значи дека ќе се соочат со можно испаѓање од Мундијалот уште во групната фаза.