Други спортови
Изјавата на тренерот на Надал за Ѓоковиќ ќе предизвика многу коментари во Србија: Тој не е антиваксер, туку …
Рафаел Надал ја освои титулата на неодамна завршениот Австралија опен и ја освои 21. Грен слем титула во кариерата, со што стана тениски рекордер.
Од спортска страна му олесна многу, бидејќи на ден пред почетокот на турнирот, светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ беше депортиран од Австралија и не настапи на Австралија Опен.
Тренерот на шпанскиот тенисер Карлос Моја го коментираше изборот на Ѓоковиќ да не се вакцинира и заклучи дека ја загрозува сопствената кариера.
„Мислам дека триумфот на Надал не му промени ништо на Новак. Јасно е дека ако не се вакцинира ќе биде исклучен од борбата во која вложи многу. Тешко ќе му биде да игра Грен слем турнири и кариерата ќе му биде загрозен. Не мислам дека Новак е антиваксер, едноставно секогаш го бранеше правото на избор, но сега е во комплицирана ситуација“, изјави Моја.
„Овој пат сè беше ненадејно, процесот беше долг и комплициран. Меѓутоа, кога видовме колку добро тренира, како го освои турнирот во Мелбурн, веќе мислевме дека ќе има шанса. Никогаш не можете да го отпишете Рафа поради се тоа што тој претставува“, заклучи тој.
Новак Ѓоковиќ сезоната ќе ја започне дури на 21 февруари кога започнува турнирот во Дубаи на кој Србинот го потврди своето учество.