Фудбал
Изненадувачки повик од Премиер лигата за Карло Анчелоти
Како што денес пренесуваат медиумите на Островот, фудбалскиот клуб Вест Хем го контактирал Карло Анчелоти и е подготвен да му понуди на Италијанецот враќање во Премиер лигата.
Славен Билиќ забележа очаен почеток во новата сезона, а управата на овој лондонски клуб веќе со недели се подготвува да му врачи отказ, а доколку Анчелоти ја прифати оваа понуда јасно е дека деновите на Хрватот во Англија му се одбројани.
Покрај Анчелоти, желба на управата на Вест Хем е и Рафа Бенитез, но тој е сигурен во Њукасл, па така тој и не е реална опција за „Чеканите“.
Што се однесува до Анчелоти, тој и нема премногу опции во моментот, логично е тоа што сите го поврзуваат со клупата на Милан, а од порано е познато дека го чека богатство во Кина.
За потсетување, Анчелоти веќе работеше во Англија каде го водеше клубот на Челзи, со кој го освои првенството и ФА Купот во 2010 година.
Извор: Кајгана