Connect with us

Фудбал

Изненадување, Ливерпул ја контактирал Барселона

Доколку може да му се верува на каталонски „Спорт“, Ливерпул ја контактирал Барселона за Oсман Дембеле. Наводно „Црвените“ го сакаат 23-годишниот крилен фудбалер на позајмица, подготвени се да платат за тоа, како и да ги преземат комплетните негови примања. Сепак, иако Барселона се уште не се огласила, тамошните медиуми велат дека нема да биде прифатена понудата само за позајмица, туку ќе се бараат гаранции од Ливерпул дека ќе го откупат Дембеле.