Connect with us

Фудбал

Изречени казните за тепачката на мечот ПСЖ-Марсеј, Нејмар добро помина

Дисциплинската комисија на Лига 1 ги изрече суспензиите на играчите кои учествува во тепачката во финишот на мечот помеѓу ПСЖ и Марсеј. Најлошо помина Курзава кој е суспендиран дури шест мечеви, додека Нејмар и Паредес се казнети со по два меча, плус еден кој е условен. Сите тројца фудбалери веќе одработија еден меч суспензија, а тоа е синоќешниот на ПСЖ против Метц на кој славеа со минимални 1:0.

Во тимот на Марсеј со три мечеви с суспендиран Амави, а еден меч Бенедето. Против Алваро Гонзалес е покрената истрага за можни расистички навреди, додека Ди Марија денеска ќе биде на сослушување за наводното плукање на противнички играч. Двајцата се уште не се суспендирани.