Фудбал
Извинете што го видовте Ериксен: „BBC“ веднаш престана да го емитува натпреварот по хоророт!
Извинување до гледачите за снимката од стадионот. Реализацијата на преносот е под надлежност на УЕФА, а луѓето ширум светот во живо ја видоа борбата за живот на Ериксен.
Љубителите на фудбалот на сите континенти ги гледаа драматичните сцени од Копенхаген во саботата и многумина беа вознемирени. Додека соиграчите и лекарите се бореа за животот на данскиот фудбалер Кристијан Ериксен , камерата го пренесуваше сето тоа на моменти, правејќи голема слика на славниот играч.
За тие снимки, „BBC“ им се извини на своите гледачи.
„Им се извинуваме на сите кога беа вознемирени од кадрите. Преносите од стадионот ги контролира УЕФА, и штом натпреварот беше прекинат, го прекинавме преносот што е можно поскоро“, беше објавено.
Истата порака ја испрати и Гери Линекер, легендарниот напаѓач, а сега познат коментатор на „BBC“.
„Разбирам дека некои од вас беа вознемирени поради прикажаната снимка (и ние сме). Очигледно е дека тоа го стори радиодифузерот и дека е надвор од наша контрола. Тие требаше да покажат поширока слика на стадионот. Извинете“, напиша тој.
We will be back on air at 7.25 on @bbcone. I understand some of you would have been upset with some of the images shown (we were too). Obviously these were the host pictures and out of our control. They should have stayed on a wide of the stadium. Apologies.
— Gary Lineker ? (@GaryLineker) June 12, 2021
Натпреварот потоа продолжи во 20.30 часот, откако пристигнаа официјалните потврди дека Ериксен се освестил во болницата и дека бил свесен и комуникативен.