Connect with us

Фудбал

Извлечени групите за Светското првенство во Катар

Во Доха денеска беше одржана ждрепката за групите на Светското првенство во Катар.

Речиси идентична група како и во Русија доби селекцијата на Србија. Така ќе играат со Бразил и Швајцарија, а разликата е само што нема да ја има Костарика, туку Камерун.

Група А: Катар, Еквадор, Сенегал, Холандија.
Група Б: Англија, Иран, САД, Велс – Шкотска / Украина.
Група Ц: Аргентина, Саудиска Арабија, Мексико, Полска.
Група Д: Франција, Перу – Австралија / ОАЕ, Данска, Тунис.
Група Е: Шпанија, Костарика / Нов Зеланд, Германија, Јапонија.
Група Ф: Белгија, Мароко, Канада, Хрватска.
Група Г: Бразил, Србија, Швајцарија, Камерун.
Група Х: Португалија, Гана, Уругвај, Јужна Кореја.

Светското првенство ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември 2022 година на осум стадиони лоцирани во радиус од дваесет километри.