Connect with us

Фудбал

Ја напушти Барселона по 29 дена, а Лапорта го поздрави со зборовите: Се надевам дека ќе биде тука долго време

Екипата на Барселона одлучи да го продаде бразилскиот дефанзивец Емерсон Ројал кон крајот на преодниот рок.

22-годишниот десен бек стана нов член на Тотенхем, кој издвои 30 милиони евра за своите услуги.

Сигурно е интересно што Емерсон мина само 29 дена во Барселона. Тој пристигна од Бетис ова лето во трансфер вреден девет милиони евра и никој не се надеваше дека веднаш ќе замине.

Уверен сум дека ќе постигне многу успеси во клубот и дека ќе остане тука извесно време“, рече претседателот на Барселона, Жоан Лапорта на презентацијата на Емерсон.

На крајот, Бразилецот одигра само три натпревари. Клубот одлучи да го продаде и со оваа одлука изненадија многу љубители на фудбалот.

Емерсон е член на Барселона од 2019 година. Каталонскиот клуб го препушти на Бетис, со кого имаше договор за сосопственост, а летово одлучија да го ангажираат во своите редови.

Веројатно никој не очекуваше дека неговиот престој на Камп Ноу ќе трае толку кратко, но Емерсон веќе е во Лондон и наскоро ќе дебитира за Тотенхем.