Фудбал
Ја освои Копа Америка со Аргентина, па од Италија направи трансфер во Шпанија
Актелниот шампион на Шпанија, Атлетико Мадрид соопшти дека и официјално го ангажирале Аргентиенцот, Родриго Де Паул. Според информациите, тој доаѓа на инсистирање на тренерот Диего Симеоне, а трансферот е реализиран неколку дена откако со Аргентина ја освои Копа Америка.
Де Паул потпиша петгодишен договор, а на Удинезе ќе му припаднат 35 милиони евра. Де Паул пет години го носеше дресот на овој италијански тим, а претходно играше за Расинг и Валенсија.