Connect with us

Фудбал

Ја покажаа големината: Реал и Милан се збогуваа од Коби – Рамос носеше дрес

Натпреварот во Купот на Италија помеѓу Милан и Торино ќе започне со минута молчење во чест на трагично починатиот Коби Брајант.

Поранешниот играч на Лос Анџелес Лејкерс беше обожавател на миланскиот клуб.

Според италијанските медиуми, во 2013 година Брајант ја посетил тренинг-базата на Росонер и добил дрес број 24 од клубот.

Легендарниот кошаркар и неговата ќерка и седум други лица загинаа на 26 јануари во хеликоптерска несреќа во Калифорнија.

Тој ја заврши кариерата во 2016 година, со тоа што беше пет пати шампион во НБА и двапати највреден играч на финалната серија.

И фудбалерите на Реал Мадрид му оддадоа почит на Коби со едноминутно молчење пред денешниот тренинг. Капитенот на кралскиот клуб, Серхио Рамос се појави во дресот на Брајант на тренинзи.