Фудбал
Јапонец е хит на социјалните мрежи, од трибините од Катар испрати порака до неговиот шеф на работа (ФОТО)
Јапонија ја совлада Германија со 2:1 на СП во Катар. Покрај Саудиска Арабија тие се хит на првенството засега. Но, хит се и нивните навивачи. Освен педантноста која ја покажаа, чистејќи ги трибините од ѓубре, еден Јапонец стана хит и со пораката испишана на парче хартија испратена до негвоиот шеф.
На пораката гласеше:
-Шефе, ти благодарам за двонеделниот одмор!
Секако, овој Јапонец беше сведок на една од најголемите победи на неговата репрезентација во истроијата на Светските првенства.