Други спортови
Јапонците веќе побараа нов термин за Олимпијадата
Олимпијадата е преместена во 2021 година, а Јапонците веќе побараа нов термин за игрите во 2021 година.
Претседателот на Организацискиот комитет за летни олимписки игри во Токио, Јошира Мори, рече дека најдобриот датум за одржувањето ќе биде помеѓу јуни и септември следната година.
„Мислам дека треба да размислиме за тој период. Се надевам дека ќе добиеме соодветно решение следната недела“, додаде Мори.
МОК е под голем притисок бидејќи голем број на светски и континентални првенства во индивидуални спортови се одржуваат следната година, така што ќе биде тешко да се пронајде соодветен термин, поради веќе тесен распоред.
Дополнителен проблем за МОК е адаптацијата на календарот за телевизиските права, бидејќи некои некои телевизии веќе одамна тргаа огромни суми на пари.